Неверојатна чистка во АЕК, сменија цел тим

Photo: AEK Handball

Само тројца странски ракометари, а то се Германецот Стибер, Сенегалецот Туре и Французинот Дилан Гара ја преживеаја чистката во грчкиот тим АЕК. Ниту тренерот Руи Силва не преживеа, нов прв човек на кормилот на АЕК е своевремено најпознатиот грчки ракометар – Алексис Алванос.
Тој добива речиси комплетно нов тим. Ракометарите како Жилберто Дуарте, ВилсонДејвис, Јан Женти, Кеита, Јулиус Кун... се минато во клубот.

Пет бразилски ракометари (Матеус Соуса, Винисиус Перин, Гиљерме Ториани и Гиљерме Пешото) еден француски (Жером Рибе) и еден српски ракомеар (Огњен Радојичиќ) се нови членови на АЕК, а потпишаа договори и со неколку грчки играчи.