Photo: IHF
СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА 35-32 (15-17)
Јанц 10, Јовичиќ 5 – Имре 8, Рошта 5
Кога пред почетокот на ЕП се пребројуваа повредените играчи во таборот на Словенија, а нив ги имаше најмалку девет, се постави прашањето дали воопшто ќе ја минат групата.
Но, ете ги, имаат четири бода исто колку и водечката Шведска и се на чекор се до полуфинале за кое веројатно ќе одлучуваат во директниот дуел со Хрватска.
Денеска, Словенија предводена од извонредниот Блаж Јанц ја совлада борбената Унгарија и ги отпиша Унгарците од трката за полуфинале.
Првиот дел им припадна на ракометарите на Чема Родригез кои играа подобра одбрана и диктираа резултат.
Но, Словенија, особено Блаж Јанц имаа решенија во вториот тим, а седум на шест не се покажа како добитна комбинација за Унгарија, па во вториот дел Словенија премина во водство.
Финишот можеше да биде драматичен, Унгарија намали на само еден гол разлика, но во клучните моменти Јовичиќ постигна два лесни гола и го отпиша противникот.