Photo: IHF
ИСЛАНД – ШВЕДСКА 35-27 (18-12)
Кристијансон 11, Елисон 6 – Лагергрен 5, Јохансон 4
Исланд и Шведска го одиграа најубавиот и најатрактивниот натпревар на ЕП досега. Нивната средба беше демонстрација на брз ракомет, тактичко надмудрување во делови на секундата, врвни одбрани, врвни индивидиуални потези, топ голмани...
Фаворит беше Шведска, победи Исланд (35-27).
Исланѓаните играа како живот да им зависи од овој натпревар, а им зависеше целото првенство и покажаа на дело како изгледа борба за секоја топка во секој момент и таа борбеност на крајот беше наградена.
Сега со четири бода се во друштво со Шведска и Словенија и ја очекуваат и Хрватска вечерва да им се приклучи.
Исланд беше тесно поразен од Хрватска, но овој перформанс денеска беше сосема различен од тој натпревар. Водеа на дуелот со досега непоразената Шведска цело време островјаните, имаа на почетокот на вториот дел и плус шест (18-12), но тогаш се разигра и Шведска и на 10 минути до крајот намали на само еден гол разлика (20-21, 22-23).
Потоа одново се прекрши натпреварот на страна на исландскиот тим чија одбрана беше перфектна, а во нападот имаа нова ѕвезда – Виго Кристијансон кој шутираше 11 од 11.