Селекторот на Норвешка на тенок лед

Photo: Wikimedia Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Неколку репрезентации комплетно потфрлија на тековното ЕП, некои продолжија да играат на ниво кое не ги задоволува амбициите.
Норвешка е една од репрезентациите која како тим што освојувал медали посакуваше повеќе. Не беа лоши, имаа повредени играчи, но веруваат дека можеле повеќе, сакаат повеќе, но не веруваат дека тоа можат да го добијат под водство на сегашниот селектор Јонас Виле.
Поранешниот репрезентативец, Хавард Тветен, сега аналитичар за НРК, јавно го искритикува селекторот Јонас Виле и порача дека по завршувањето на ЕП, мора да заврши и мандатот на Виле, ако Норвешка сака одново да игра за медал.