Бахреин е новиот азиски првак

Photo: Felix Walker

Репрезентацијата на Бахреин е новиот првак на Азија. Во финалето на азискиот шампионат, репрезентацијата на Бахреин го совлада тимот на Катар во драматичен меч, по продолжение 29-26 и прв пат стана шампион на Азија. Третото место го освои Кувајт кој славеше минимална победа над Јапонија (33-32).

Македонија играше контролен натпревар со новио азиски шампион, репрезентацијата на Бахреин во рамки на Yellow Cup во Швајцарија на почетокот на годината и забележа победа од 32-28 (15-13).