Ракометарите ги скараа хрватските власти

Photo: Jorge Lascar/Wikimedia Commons/ Creative Commons Attribution 2.0 Generic

Ракометарите на Хрватска имаат голема улога во големата кавга што изби околу нивниот дочек, а која фрли дамка и на нивниот настап и освоениот бронзен медал.

Хрватските ракометари требаше да бидат пречекани на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, а градот се подготвуваше да ги пречека ракометните јунаци.

Но, ракометарите инсистирале на нивниот дочек да пее контроверзниот пејач Томсон, чии песни инаку беа забранети на ЕП во Малме.

Градоначалниот на Загреб, пак, се има декларирано дека додека е тој градоначалник – Томсон нема да пее во Загреб. И тука настана конфликт, по кој двете страни останаа на свое и дочекот беше откажан.
Но, приказната има пресврт. Владата на Хрватска, реши да го заобиколи градоначалникот на Загреб и тие ја преземаа организацијата, па Томсон ќе им пее на дочекот на музички пребирливите ракометари.

Тоа предизвика реакција во јавност на градоначалникот, мешани реакции во јавноста итн.