Во Франција по 42 години ќе се игра Плејоф

По цели 42 години, во следната сезона ќе се смени натпреварувачкиот систем во Франција. Распоредот на табелата, вклучително со шампионот и местата за Европа, досега беа доделувани според табелата по одиграниот лигашки дел. Првенства што по појавата на силниот ПСЖ главно беа решавани доста време пред крајот на сезоната. 
Од следната сезона ќе биде воведен Плејоф за првите осум екипи. Првите четири ќе играат за шампионскиот пехар и места во ЛШ и Европската лига.
Екипите што ќе завршат од 5-8 место ќе играат Плејоф за последното место во ЕХФ Европската лига.