Лазаров и Јоновски во битката за опстанок

Филип Лазаров и тековнава сезона успешно го води германскиот третолигаш Интерактив, а Ацо Јоновски кој своевремено беше играч, потоа и тренер на Интерактив сезонава одново е на клупа, во истата лига со Лазаров, во улога на асистент тренер во клубот СГСХ Драгонс.

Мисијата на двата клуба е сезонава да опстанат во оваа конкуренција. 
Филип Лазаров со својот Интерактив е во подобра позиција и на добар пат да има мирен финиш на сезоната.
Во моментов, Интерактив е на делба на 10-13 место со 15 освоени бодови. Лигата инаку има 16 екипи.
Драгонс, пак, се едно место подолу, на 14 место, но со значително бодовно заостанување, односно имаат освоено 8 бода. Зад нив се два клуба (Хомбург, Хаслох) кои имаат освоено пет односно четири бодови.

Мечот меѓу Интерактив и Драгонс на кој прв пат македонските тенери ќе беа еден против друг, не се одигра. Во моментот кога требаше да се игра, екипата на Драгонс имаше 12 повредени играчи, а нов термин за нивниот дуел немаше и натпреварот не се одигра. Следното одмерување на силите им е закажано за 28 февруари.