Алкалоид немаше проблеми со Пролет за нови бодови

РК АЛКАЛОИД - РК ПРОЛЕТ 62  37-29 (17-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски. Делегат: Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Тордарсон 2 1, Маркоски, Ѓоргиев 2, Велковски, Симоноски 2, Ивановски, 2 Не. Костески, Петковски 3, Д. Митев 10, Борзаш 2, Трајкоски 3, Аларов, Николов 6, Ѓорговски 3
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 8 мин. 
РК ПРОЛЕТ 62: Трајков, Симоновски, Крстески 2, Александров, Андоновски 3, Лешниковски 2, Јовиќ, Димковски 8, Стојановски 4, Стојчевиќ 1, Стоилески 6, Дрпљанин, Палевски 1, Ѓорчески 2, Солев, Давитковски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин. 

Алкалоид ја оправда фаворитската улога и иако настапи без неколку стандардни играчи/репрезентативци (М. Митев, Џонов, Ненад Костески, Стојковиќ, Серафимов) убедливо ја совлада екипата на Пролет и со новите два бода придонесе врвот на табелата да остане непроменет од паузата. 
Кирил Лазаров на овој меч шанса им даде на повеќе играчи, а меѓу нив и новото име во тимот од Автокоманда, Филип Николов кој со шест погодоци запиша успешно деби за новиот клуб. 
Пролет одлично се држеше резултатски во првото полувреме. Алкалоид прв пат поведе по шест минути игра и потоа не ја испушто предноста, но гостите во првиот дел беа резултатски рамноправни и одржуваа негатива од два до максимални четири бода. 
Но, во вториот дел Алкалоид беше доминантен и по нецели петнаесет минути игра во продолжението беше во плус од 10 гола.
Последните 15 минути беа како што вели флоскулата, рутинско одработување на задачите од страна на двата тима. 
Дамјан Митев и Филип Николов, беа најрапосложените стрелци во победничкиот состав со постигнати 10 односно шест гола.