Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
Комплетирано е 19 коло во Суперлигата, прво во 2026 по што ќе останат да се одиграат уште три кола пред екипите да бидат поделени на Плејоф и Плејаут учесници. Овој дел од шампионатот е предвидено да заврши околу 20-21 февруари и веднаш потоа почнува финалната битка за шампионскиот пехар и местата во Европа на едната страна и опстанокот во најсилната конкуренција на другата страна.
Екипите од водечката четворка немаа проблеми во денешното коло. Охрид кој мора да мисли и на ЕХФ Европскиот Куп го одигра својот меч со Прилеп уште во средата, Вардар има цел викенд на располагање затоа што играше вчера, а Алкалоид и Е. Пелистер вечерва си ја напишаа домашната.
Немаше изненадување ниту меѓу екипите што ќе ги гледаме во Плејаут. Бутел Скопје убедливо како гостин ја совлада Струга, а Тиквеш му нанесе пораз од 21 гол на единствениот тим во Лигата кој досега загуби на сите одиграни натпревари – РК Радовиш.
СУПЕРЛИГА 19 КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:
АЛКАЛОИД - РК ПРОЛЕТ 62 37-29 (17-14)
Е. ПЕЛИСТЕР – Е. ПЕЛИСТЕР 2 39-24 (18-11)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-35 (9-20)
ТИКВЕШ – РАДОВИШ 44-23 (20-12)
ВАРДАР 1961 – КУМАНОВО 30-20 (13-6)
ГРК ОХРИД – ПРИЛЕП 28-17 (14-11)
ТАБЕЛА
1. ВАРДАР (36), 2. Е. ПЕЛИСТЕР (32). 3. ОХРИД (31), 4. АЛКАЛОИД (31), 5. БУТЕЛ СКОПЈЕ (20), 6. ТИКВЕШ (20), 7. Е. ПЕЛИСТЕР 2 (17), 8. ПРИЛЕП (16), 9. ПРОЛЕТ 62 (12), 10. КУМАНОВО (7), 11. СТРУГА (6), 12. РАДОВИШ (0)