Трансфери: Нови задачи за Дуарте, Хота Гонзалез...

Wikimedia Commons/Creative Commons CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication.

Хота Гонзалез, актуелниот тренер на Бенфика ќе се раздели со клубот на крајот на сезоната. Гонзалез комплетно ќе се посвети на селекторската позиција во репрезентацијата на Полска.

Полскиот шампион, екипата на Висла Плоцк потпиша договор од следната сезона со данското крило Фредерик Бјере, ракометар кој во моментов игра за екипата на ГОГ и е трет стрелец во Лигата на шампионите, зад Елоим Пранди и Матијас Гидсел. 

Екипата на ГОГ веднаш реагираше на трансферот на Фредерик Бјере во Висла Плоцк и се договори со шведскиот ас Лука Пелас. Тој во моментов е ракометар на францускиот тим Монпеље.

Некогаш најголемата португалска ракометна ѕвезда, Жилберто Дуарте, (35) по „егзодусот“ во АЕК, по 10 години меѓународна кариера (Висла, Барса, Монпеље...) ќе се врати назад во Португалија и одново ќе игра за својот матичен клуб – Порто.