Вардар го регистрираше Воркапиќ

Foto: RK Vojvodina

РК Вардар 1961 ја официјализираше најавената соработка со српското крило Вукашин Воркапиќ кој во Скопје доаѓа од редовите на новосадска Војводина.

Воркапиќ е сега официјално регистриран и може да настапува за РК Вардар 1961, и со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во продолжението од сезоната и во европските предизвици!, објавија црвено-црните на својот веб сајт.


Според ова, дебито на новиот ракометар би требало да биде веќе утре, на дуелот со Автокоманда против екипата на Алкалоид.