Раул носи познати Шпанци во Партизан?

Foto: RK Partizan/Maja Nastic

Актуелниот српски првак, РК Партизан прави сериозна реконструција на екипата за следната сезона и се подготвува за настап во Лигата на шампиони, со нескриено очекување проширувањето да им донесе место во европската клупска елита.
Илија Абутовиќ треба да биде ново име меѓу црно-белите, но новиот тренер, Раул „Ел Команданте“ Гонзалез планира и двајца шпански ракометари.

Неофицијалните информации се дека на пат за Белград се спремаат двајца релативно познати шпански ракометари што имавме можност сезонава да ги гледаме и на дуели со Вардар 1961.
Тоа се левото крило Мигел Санчез Мигаљон и централниот бек Алехандро Барбеито. Двајцата во моментов се ракометари на португалската Бенфика.