Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти списокот на ракометари на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Австрија што ќе се одигра во Брегенц во рамките на неделата на ЕХФ.
Составот на репрезентацијата е сличен на составот што настапи на ЕП 2026, со тоа што во тимот ги нема повредените ракометари на Алкалоид, Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов, а ги нема ниту повозрасните ракометари, голманот Никола Митревски и пикерите Жарко Пешевски и Никола Маркоски.
Милан Лазаревски се враќа во екипата откако успешно се рехабилитираше и почна да игра во Вардар, а шанса на овој собир ќе добие Филип Николов.