ИН МЕМОРИАМ - САШО СРБИНОСКИ

Македонскиот ракомет денеска остана без уште еден вистински ракометен заљубеник и работник. Засекогаш си замина Сашо Србиноски, струшка ракометна легенда, прв селектор и синоним за ракомет на плажа во Македонија, секогаш на располагање за струшкиот ракомет и особено за струшкиот ракометен турнир. 

Србиноски си замина на 61 годишна возраст, неофицијално, причината е инфаркт. Струга, Македонија денеска загубија повеќе од ракометен работник, човек кој целиот живот го имаше посветено на спортот и ја одржуваше ракометната традиција во градот, а кога станува збор за ракометот на плажа, беше едноставно незаменлив.