Нокаут во прва рунда: Србија, Полска, Ц. Гора веќе се во Бараж 2

Многу работи се расчистија веќе по првите натпревари од Бараж 1 серијата. Србија, Полска, Романија, Ц. Гора веќе се со една нога во Бараж 2. Изненадување е победата на Израел над Грузија. Иако Израел предводен од поранешниот тренер на Вардар, Давид Писоњеро воопшто не е наивна екипа, се чини како избраниците на Тите Каландаѕе комплетно да се демотивираа откако дознаа дека во Бараж 2 ги чека Шпанија. 
Вукашин Воркапиќ постигна пет, Урош Борзаш и Дарко Ѓукиќ по три гола во големата победа од 42-25 на Србија над Литванија. Раул Гонзалез веќе може да спрема тактика за двомеч со Унгарија. 
Реванш натпреварите ќе се играат за три дена. 


СП 2027
КВАЛИФИКАЦИИ, БАРАЖ 1
Украина - Словачка  24-27
(Македонија)
Грција - Белгија  29-26
(Холандија)
Турција – Романија  32-37
(Норвешка)
Грузија – Израел  29-32
(Шпанија)
Финска – Ц. Гора  32-36
(Словенија)
Србија – Литванија  42-25
(Унгарија)
Летонија – Полска  24-33
(Австрија)
20:00  БиХ – Косово (Ф. Острови)