-
23.3.2026
-
Планета ракомет
Ракометните наслови денеска во Романија, ден по елиминацијата од Турција се лавина на барање оставки од селектор, претседател, промени... Видни имиња од романскиот ракомет критикуваат, бараат жртва, а таа жртва мошне лесно може да биде селекторот Георге Буричеа.
Сите покажуваат со прст кон него, велат дека лошо селектирал, дека испаничил, дека лошо реагирал итн. Но, над сѐ стои последниот тајм аут.
Имено, Романија имаше посед на топка во последните 40 секунди при резултат 31-36. Според „Газета Спортилур“, селекторот побарал тајм аут и на играчите им рекол дека со овој резултат ќе се пласираат во следната рунда. Потоа побрал да не брзаат го потрошат времето.
Романија на првиот меч во Турција победи со 37-32 и селекторот мислел дека сѐ уште важи правилото повеќе постигнати голови. Тој очигледно не знаел дека тоа е сменето од пред две години и со резултат 36-31, Романија и Турција ќе шутираа пенали.
На крајот ни тоа - ни тоа. Романија ја загуби топката и Турција од контранапад постигна гол за 37-31 и пласман во Бараж 2 каде ќе играат со Норвешка.