Европската ракометна федерација ги потврди ранг групите или т.н. шешири пред ждрепката што ќе се одржи во Лисабон на 26 март.
Македонија ќе биде во вториот шешир и ги избегнува во овие квалификации незгодните репрезентации на Холандија, Австрија, Србија, Ф. Острови, Чешка, Полска и Италија.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Двете најдобри од сите групи и четири најдобри од вкупно осум третопласирани ќе обезбедат учество на ЕП 2028 што ќе се организира во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Квалификациите ќе стартуваат во првата недела од ноември 2026. Тогаш ќе се одиграат две кола, потоа ќе продолжат во март 2027 и ќе бидат комплетирани во мај 2027.
ЕХФ ЕУРО 2028
Квалификувани: Данска, Шпанија, Португалија, Швајцарија
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028
1. ШЕШИР: Франција, Германија, Хрватска, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка, Словенија
2 ШЕШИР: Холандија, Австрија, Македонија, Србија, Ф. Острови, Чешка, Полска, Италија
3 ШЕШИР: Ц. Гора, Грузија, Романија, Грција, Белгија, БиХ, Украина, Литванија
4 ШЕШИР: Словачка, Финска, Израел, Турција, Луксембург, Косово, Летонија, Естонија