Самсоненко замина од функцијата претседател на Ростов Дон

Фото: ГК Ростов-Дон

Рускиот клуб Ростов Дон објави дека од позицијата претседател на клубот заминува Сергеј Самсоненко. Клубот му се заблагодари за Сергеј Самсоненко за годините во кои многу успешно соработувале и изрази благодарност што и натаму останува поддржувач. Новиот претседател е Тарас Павлович Дјатков.

Самсоненко е творецот на шампионскиот тим на Вардар кој во 2017 и во 2019 стана европски првак, а паралелно го водеше и проектот ЖРК Вардар, клуб кој неколкупати играше Ф4 во Лигата на шампионите и има запишано настапи и во финалето на најелитното натпреварување.