-
31.3.2026
-
Македонски ракомет
Photo: IHF
Женската репрезентација на Македонија во април ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2026, првото Европско првенство во ракомет што ќе се игра во пет држави.
Реалноста е дека Македонија е голем аутсајдер во дуелите со Германија во Скопје и со Словенија на гости. Олеснително за Македонија за пласман на ЕП е шѕо мора да има подобра гол разлика од најмалку две третопласирани репрезентации за да се пласира, па секој гол на дуелите со Германија и Словенија може да биде решавачки затоа што во моментов многу тесна е разликата спредена со конкурентите.
Добра вест е што Германија на дуелот со Македонија нема да игра со најсилниот состав. Нивниот селектор, Маркус Гаугиш ќе ротира повеќе ракометарки. Главните играчи од нивниот состав, ракометарките кои ја однесоа Германија до финале на СП пред неколку месеци нема да бидат во тимот.
Голманот Катарина Филтер, нивниот најдобар играч Емили Фогел и крилото Алексиа Хауф не се повикани за оваа акција.
Од квартетот што го сочинуваат голманот Сара Вахтер, плејмејкерите Алина Гријселс и Аника Лот и десниот бек Виола Лојхтер, секоја од нив ќе игра само на еден меч. Дали на гости во Македонија или дома со Белгија, селекторот Гаугиш дополнително ќе реши.
Во екипата имаат пет сосема нови ракометарки. Сите беа дел од јуниорската репрезентација што стана европски првак минатото лето. Сите желни да се докажат.
Ваквиот комбиниран тим на Германија, не значи дека ќе имаме полесна задача. Добро е за селекторот Грчевски што нема да мора да се мисли за Фогел, Хауф, Гријселс и Лојхтер, но...
Паметиме колку проблеми на двомечот ни направи белгиската репрезентативка Муниа Смитс (11 гола на првиот, 6 гола на вториот меч). Сега ќе треба да играме против нејзината постара и за класи подобра сестра – Ксенија Смитс. Плус тука се Дол, Антл, Беренд...
Натпреварот во Скопје ќе се игра на осми април, во Борис Трајковски со почеток од 18:00 часот.