Вардар го доби „дербито“ со ГРК Охрид

ВАРДАР 1961 - ГРК ОХРИД  31-21 

Екипата на Вардар 1961 го доби дерби мечот со ГРК Охрид и направи нов крупен чекор кон освојување на шампионскиот пехар. 
ГРК Охрид на овој меч настапи со многу изменет или т.н. втор состав со што направи дамка во македонската Суперлига. 
Конечниот резултат е 31-21 што е единственото вистински вредно да се одбележи од овој „дерби“ меч.