Хендави си замина од Вецлар

Photo: © Max Petershans / 
Египетскиот голман Карим Хендави и германската екипа Вецлар се договорија за прекинување на договорот и соработката што стапува на сила веднаш. Хендави дојде во Вецлар во септември и не доби вистинска шанса. Тој практично стана третиот голман во клубот и тоа стана премногу. 
Хендави е добро познат на македонската јавност, затоа штo бранеше за екипата на Еурофарм Пелистер и остави трага во македонскиот ракомет. 
Хендави веќе има нов клуб, тој замина за Доха каде што ќе настапува за екипата на Ал Духаил.
Што се однесува, пак, до Вецлар, во првата сезона во која го немаат Филип Миркуловски во тимот, екипата е на прагот на испаѓање од Бундеслигата. Тие се претсполедни на табелата со еден бод повеќе, но и два натпревари повеќе од последниот Лајпциг.
Пред нив е Минден со бод повеќе и натпревар помалку.