Уште еден пехар за Брестовац во Катар

Фото: Qatar Handball Association

По шампионскиот пехар, екипата на Ал Араби каде што тренер е македонскиот стратег Данило Брестовац го освои и Куп на Катар. 
Вториот пехар е уште „посладок“ затоа што е извојуван во директна битка со екипата на Ал Духаил, предводена од шпанскиот тренер Мартин Амброс.
Ал Араби го совлада Ал Духаил со 31-29 за комплетирање на двојната круна во шампионатот на Катар.