Монпеље е противникот на Вардар 1961

Екипата на Монпеље е следниот противник на Вардар 1961, последниот пред Фајналфор во ЕХФ Европската лига.
Вечерва во Норвешка, во реванш натпреварот со Елверум, францускиот тим беше поразен (31-35), но имаше преголема залиха на голови од првиот натпревар (12) и лесно мина во 1/4 финалето.

Елверум беше во многу подобро издание отколку пред седум дена во Франција, но тоа во голема мерка се должи и на играта на ракометарите на Монпеље кои се трошеа толку колку што им требаше за да го држат натпреварот во егал. Норвежаните разликата за победа ја направија во последните 2-3 минути од натпреварот, откако мечот цело време беше блиску до егал.

Натпреварите меѓу Вардар 1961 и Монпеље ќе се играат на крајот на месецов (28 април) и на почетокот на мај (5 мај).