-
08.4.2026
-
Македонски ракомет
Фото: РК Еурофарм Пелистер
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ГРК ОХРИД 26-27 (13-10)
Манасков 6, Кузмановски 4, Хосни 4 - Стрмљан 5, Јагуриновски 4
Екипата на ГРК Охрид успеа да изведе подвиг каков што не успеала во досегашната историја, а тоа е да го победи Еурофарм Пелистер во Битола.
Вечерва беше „таа“ вечер во која охриѓани славеа минимална победа во преполната битолска сала и дополнително го искомплицираа врвот на табелата, односно битката за располред на местата од два до четири. Што се однесува до првото место, Вардар 1961 во пракса веќе го има шампионскиот пехар во свои раце по денешниот порза на нивниот најголем ривал.
Жешко беше во Битола денеска, а интензивната битка во која и едната и другата екипа имаа свои моменти куминираше во финишот во кој охриѓани диктираа резултат, а екипата на Е. Пелистер израмнуваше.
Кога Иванковиќ на 20 секнуди до крајо погоди за водство од 26-25, екипата на ГРК Охрид веќе имаше освоено најмалку бод. Битолчани во својот последен напад преку Видомски успеаја да израмнат, но остана доволно време за Охрид да нападне. Не изгледаше многу изгледно, но Тилен Стрмљан со шут од девет метри на три секунди до крајот постигна гол со кој двата бода отпатуваа за Охрид.