ТВ ПРЕНОС: Келце и ГОГ во аут, кој ќе им се приклучи?

Некогашниот европски првак и редовен учесник на Ф4, полскиот тим Келце веќе се има надживеано и годинава не успеа да стигне ниту до 1/4 финалето на Лигата на шампионите. 
На дуелот со ПИК Сегед, играчите на Душебаев имаа привидна контрола до последните минути, а потоа две грешки во нападот ги платија со елиминација. За разлика од нив, Нант супериорно одигра против ГОГ и со 12 гола разлика го реши реванш натпреварот. 
Денеска уште еден гигант ќе си ги спакува куферите. ПСЖ или Веспрем. Унгарците победија на првиот натпревар со 32-24. 
Висла Плоцк успеа да се извади од големиот минус од девет гола на мечот со Спортинг и средбата ја заврши со достижни 29-33. Денеска ќе имаат шанса да се реваншираат.  


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  Висла Плоцк - Спортинг (ТВ Арена Спорт 3)
20:45  ПСЖ - Веспрем (ТВ Арена Спорт 3)