ГРК Охрид денеска игра за финале

Денеска со почеток од 19:00 часот, екипата на ГРК Охрид на домашен терен во салата „Билјанини извори“ ќе се сретне со словенечкиот тим Целје Пивоварна Лашко во реванш натпревар од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Првиот меч одигран минатата недела во Целје заврши со минимална победа на домашниот состав, на натпревар на кои и двата тима во еден момент водеа и со шест гола разлика, па имајќи ги предвид големите резултатски пресврти на тој натпревар, за вечерва е неблагодарно да се даваат прогнози. 

Во Европските купови веќе не важи правилото гол во гости, па така Охрид со каква било минимална победа денеска ќе оди на седмерци, а со победа од најмалку два гола ќе оди во финале. 

Натпреварот ќе биде директно пренесува на МРТ.