-
03.5.2026
-
Македонски ракомет
Екипата на ГРК Охрид останува во центарот на вниманието во Македонија не само поради моменталниот успех во ЕХФ Европскиот Куп, каде што ќе игра во финалето, туку и на трансфер пазарот каде што заедно со Вардар 1961 се најактивните клубови од Македонија.
Во ГРК Охрид следната сезона треба да пристигнат Никола Зечевиќ, Доминик Мате, Дино Славиќ, Мартин Карапалески, а денеска клубот потврди дека е постигнат договор и со левото крило Адама Кеита.
Овој француски ракометар првите години од професионалната кариера (2017-2024( ги мина во ПСЖ, а во 2024 се пресели во АЕК од Грција. Беше дел од тимот на АЕК минатата година и играше на дуелот од финалето со РК Алкалоид.
Адама Кеита ќе ја засили левата крилна на ГРК Охрид каде што во моментов Гоце Ојлески ја врши речиси целата работа. Поддршка му е младиот Ристевски, а не е реткост да го видиме и пикерот Николаос Љапис како игра на позиција лево крило.
Со овие засилувања, ГРК Охрид веќе има на хартија тим што ќе се бори за шампионскиот пехар во домашното првенство, а не веруваме дека со овој трансфер ќе биде затворен ростерот.
Нивниот најдобро одигран потег годинава беше ангажманот на Јапонецот Косуке Јасухира кој е играч на Бурган од Кувајт од каде што беше позајмен во Ал Араби од Катар, па оттаму во Охрид. Ако успеат да го задржат и него, тогаш нивните шанси за трофеј следната сезона сериозно растат.