-
07.5.2026
-
Македонски ракомет
ВАРДАР 1961 - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 34-19 (18-12)
Екипата на Вардар 1961 ќе биде новиот шампион на Македонија. На три кола до крајот на Суперлигата, црвено-црните направија разлика од осум бодови пред второпласираниот тим на ГРК Охрид и математички се недостижни за ривалите.
Ова ќе биде 16 шампионска титула за Вардар, прва по пауза од три години во кои првак беше екипата на Еурофарм Пелистер.
Вардар 1961 клучната разлика во првенството ја достигна вечерва, откако во Скопје, на домашен терен го совлада сѐ уште актуелниот првак Еурофарм Пелистер. Со тоа израмни дел од сметките, особено од минатата сезона кога битолчани среде Скопје ја славеа шампионската титула.
Но, вечерва се играше сосема поинаков меч од ланскиот. Гостите свесни дека титулата заминува, беа индиспонирани и не беа опасност за Вардар ниту за одложување на шампионското славје.
Вардар 1961 поведе со 3-1 по само три минути, но го запреа налетот гостите. Потоа оваа ситуација се пресликуваше неколкупати до 20 минута. Вардар ќе поведеше со три гола, Пелистер ќе го запреше налетот.
Во 20 минута Вардар 1961 прв пат стигна до плус четири, а овој пат гостите не можеа да го спречат нивниот подем. Се обиде и тренерот Лембанов со тајм аут, имаше Митревски одбранети седмерци, но разликата се искачи на плус шест на полувремето (18-12).
Во вториот дел почна распадот на гостинскиот состав. Иако мечот не беше тензичен и со премногу дуели за да решаваат одбраните, домашниот тим беше покомпактен, подобро се бранеше, подобро реализираше и во 41 минута прв пат разликата стана 10 гола (23-13).
Оттука до крајот на натпреварот битката се водеше околу двоцифрената разлика. На девет минути до крајот на натпреварот беше 28-16, докрајот на мечот рутинско одигрување и подгревање на славеничката атмосфера во салата. Конечно, цели 15 гола разлика за Вардар и сосема заслужени победа и шампионски пехар,