Мартин Томовски се враќа во Бундеслига

Екипата на Битенхајм за која настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски на четири кола до крајот на натпреварите во Втората Бундеслига, обезбеди пласман, односно враќање во елитата и следната сезона ќе се натпреварува во најсилната конкуренција.

Предвремената промоција Битенхајм ја должи на екипата на Хутенберг која го совлада тимот на Дрезден. По тој пораз, Дрезен, кому остануваат уште три натпревари не може да го достигне првопласираниот Битенхајм. 

Битенхајм е на првото место со 51 бод на четири кола до крајот, зад нив со 49 бода и исто четири натпревари до крајот е тимот на Балинген, а Дрезден  е на третото место со 44 бода и три натпревари до крајот.