-
09.5.2026
-
Македонски ракомет
ГРК ТИКВЕШ - РК АЛКАЛОИД 23-30 (11-12)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Васил Чавдаров
ГРК ТИКВЕШ: Панов, Јовевски 2, Стојановски 6, Цејовиќ 4, Лазороски, Велков, Печуруца, Димовски, Лазов 2, Ѓоргиев, Коцев 2, Симиќ 1, Ангелов, Мијушковиќ 6, Бакев
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Џонов 4, Тордарсон 6, Маркоски, Карасманакис 1, Ѓоргиев 4, Велковски 2, Симоновски 1, Ивановски, Костески 1, Петковски 2, Борзаш 7, Аларов, Ѓорговски 2
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 2 мин.
РК Алкалоид очекувано ги освои бодовите на гостински терен во Кавадарци, во последниот натпревар од Суперлигата пред паузата за настап на репрезентацијата во бараж натпреварите за пласман на СП 2027.
ГРК Тиквеш како и секогаш беше посебно мотивиран за дуелиет со ракометарите на скопскиот тим, но и овој пат добриот впечаток беше само во првото полувреме.
Тиквеш водеше во првите 10 минути, но, брзо ја презема контролата екипата на РК Алкалоид, и веќе во 21 минута водеше со три гола разлика (11-8).
На полувреме разликата беше само еден гол (12-11), а РК Алкалоид беше далеку подобар противник во продолжението.
РК Алкалоид почна да се одлепува по 40 минута. Тогаш беше 20-16, предност што до крајот на натпреварот беше зголемена на конечните 30-23.