Мулти Есенс е младински првак на Македонија

Младинската екипа на Мулти Есенс денеска го совлада тимот на Бутел Скопје и ја потврди доминацијата во Младинската лига на Македонија во која го бранеше и го одбрани шампионскиот пехар. 
Ракометарите на Мулти Есенс предводени од тренерот Миле Бочкаровски на четири кола до крајот на првенството имаат освоени 46 бода или 14 бода повеќе од второпласираниот тим на Еурофарм Пелистер 2 кој има и меч помалку и 16 бода повеќе од екипата на Тинекс Пролет 62 која, пак, има  два натпревари помалку. 
Разликата на екипата од Автокоманда е недостижна и нив им останува само да ги доиграат следните четири натпревари и да го подигнат шампионскиот пехар.