-
11.5.2026
-
Планета ракомет
Photo: IHF
Македонската ракометна јавност, особено делот од јавноста што ги следеше натпреварите на РК Вардар 1961 во ЕХФ Европската лига, нема да има проблем да се сети на Аксел Мансон, ракометарот на шведскиот Кристијанштат.
Овој 21 годишен бек постигна 98 гола за Кристијанштат сезонава и беше најдобриот стрелец во ЕХФ Лигата во Групната фаза и Главната рунда. На Вардар 1961 на првиот меч во Шведска му даде 13 гола, на мечот во Скопје постигна девет, а личниот рекорд го постави на дуелот со Мелзунген на домашен терен кога постигна 15 гола.
Аксел Мансон го привлече вниманието на повеќе клубови, но најбрз од сите беше данскиот тим Хој Елите. Плановите на оваа екипа се распрснаа откако испадна од најсилната лига во Данска, па сега Аксел Мансон одново е стана интересен играч и влезе во друштвото во кое се браќата Мартим и Кико Кошта, Маркос Фис...
Неофицијално, четири големи клубови од Германија, Франција, Данска и од уште една држава сериозно се интересираат за ангажман на големата шведска надеж.