Photo © Max Petershans /
CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons) - cropped image
Два гиганта во спортското новинарство, германскиот Билд и францускиот Л’екип, објавија продолженија на шпекулацијата дека поранешниот тренер на Вардар и освојувач на ЛШ во 2019, Роберто Гарсија Парондо и Пари Сен Жермен се договориле за соработка од 2027 година.
Само 10 месеци откако дојде на кормилото на ПСЖ, Данецот Штефан Мадсен веќе ги одбројува деновите како тренер на францускиот клуб. Тој ќе ја продолжи серијата на неговиот претходник Раул Гонзалез во освојување на шампионски пехари во домашното првенство. Но, ја продолжи и серијата на неуспеси во Лигата на шампионите. Патем, не се наметна како харизматичен тренер што ќе ја освои публиката и единственото нешто му ја чува тренерската позиција во моментов е неговиот двегодишен договор. А тој договор ќе истече следното лето, исто како и договорот на роберто Гарсија Парондо во Мелзунген.
Своевидна потврда дека има реални шанси овој трансфер да се реализира, стигна денеска во вид на шпекулација дека Мелзунген веќе нашол замена за Гарсија Парондо.
Тоа би требало да биде германскиот тренер Јарон Сиверт, тренерот кој минатата сезона го одведе Фуксе Берлин до првата шампионска титула во Бундеслигата и првото финале во Лигата на шампионите.