БАРАЖ ЗА СП: Грција подобра од Холандија, Полска со тешка гостинска победа...

Photo: Felix Walker

Одиграни се дел од првите натпревари од бараж квалификациите за Светското првенство што во јануари следната година ќе се одржи во Германија. 
Норвешка е веќе квалификувана, откако со 13 гола разлика ја совлада Турција, на меч на кој на полувреме беше само три плус за Норвежаните. Голем победник е и Полска која на гостински терен минимално ја совлада репрезентацијата на Австрија. 
Грција одбра мала сала, со капацитет од 900 гледачи северно од Атина и во амбиентот што им го приредија на Холанѓаните на крајот запишаа и победа од два гола разлика. 
Голема битка се водеше меѓу Швајцарија и Италија во која на крајот избраните ракометари на Анди Шмит успеаја со пресврт да стигнат до победа од тро гола разлика (32-29). 

Утре ќе се комплетира првиот дел од елиминациите, а на терен ќе биде и репрезентацијата на Македонија која на гостински терен во Прешов со почеток од 19:00 часот ќе игра против тимот на Словачка. 


ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ:
АВСТРИЈА - ПОЛСКА 25-26 (13-15)
НОРВЕШКА - ТУРЦИЈА  43-30 (23-20)
ГРЦИЈА - ХОЛАНДИЈА  29-27 (14-12)
ШВАЈЦАРИЈА - ИТАЛИЈА 32-29 (16-17)
ЧЕШКА - ФРАНЦИЈА 26-37 (14-20)
УТРЕ ИГРААТ: 
19:00  СЛОВАЧКА - МАКЕДОНИЈА
18:00  Ц. ГОРА - СЛОВЕНИЈА
18:00  СРБИЈА - УНГАРИЈА
20:00  БИХ - Ф. ОСТРОВИ