-
14.5.2026
-
Македонски ракомет
Македонската репрезентација вечерва е пред првиот бараж предизвик во кој на гостински терен ќе се сретнеме со репрезентацијата на Словачка, екипа со која прв пат ги одмеруваме силите на официјален натпревар од ваков тип.
Пикерот Валентин Карасманакис е меѓу 16-те ракометари што селекторот Лазаров ги одбра за првиот натпревар. Тој успешно се врати на теренот по повредата на дланката и сега одново кај него се разгорува репрезентативниот жар.
„Се чувствувам добро, спремен сум, а повредата е минато и можам да играм со полн интензитет. Среќен сум што сум одново со репрезентацијата. Нѐ очекуваат два тешки натпревари. Имаме почит кон репрезентацијата на Словачка, тоа е добар тим, комбинација од искусни и од млади ракометари. Ние мораме да бидеме многу внимателни и максимално фокусирани цел натпревар, ако играме на вистинското ниво ќе ја оствариме нашата цел. Се спремивме за нив, па иако противникот не ни многу познат, како што реков, ако ние одиграме како што треба, тогаш ќе можеме да ја оствариме посакуваната цел и да се пласираме на Светското првенство“, изјави Валентин Карасманакис.
Натпреварот меѓу Словачка и Македонија ќе почне во 19:00 часот и директно ќе биде пренесуван на МРТ.