Митревски: Не смееме да им дадеме шанса да се разиграат

Голманот Никола Митревски е најискусниот ракометар во македонската репрезентација. Во богатата кариера минал низ многу натпревари каков што ќе биде вечерашниот со Словачка во баражот за СП 2027 и многу добро знае што нѐ очекува и што треба да се направи и како треба македонскиот тим да се однесува на теренот за да дојде до резултат што ќе ни го олесни патот на СП следната година. 

Вечерва прв пат ќе играме со Словачка и во мечот влегуваме како фаворити. И тие си имаат своја математика, потенцираа дека добиле добра ждрепка и секако ќе се обидат да ја искористат таа шанса. 

„Не сме играле со Словачка, но ги гледавме на неколку натпревари. Се мала непознаница, но не се таков квалитет како Унгарија или Словенија. Влегуваме како фаворити, но мораме да бидеме многу внимателни. Си играат своја игра, знаат што сакаат. Особено на првиот меч мораме да внимаваме многу. Треба да влеземе агресивно и не смееме да им дадеме шанса да се опуштат. Ние треба да покажеме дека не случајно имаме ваков континуитет на настапи на големи натпреварувања. 
Во оваа сала имам играно, сме играле со Татран Прешов. Не е публиката на такво ниво каква што е во Македонија. Но, домаќинот секогаш има предност. Нас нема многу да ни значи што играме во нивната сала, нив веројатно да. Ќе се чувствуваат покомотни и поамбицизони. Ние треба да дадеме максимум и да обезбедиме добар резултат пред реваншот, изјави Никола Митревски.