Хориха оди на позајмица во С. Арабија

Украинскиот бек со македонски пасош, Димитро Хориха ќе оди на позајмица во екипата на Ал Калеј од Саудиска Арабија. 
Во јуни во Кувајт ќе се игра Азиски шампионат, а тоа е потстрек за многу екипи од регионот да почнат да носат европски засилувања со оглед на тоа дека сезоните во Европа ќе бидат завршени. 
Хориха на крајот на сезоната заминува од Вардар и веќе е претставен како играч на ПИК Сегед за следните две сезони.