Брестовац добива големо засилување

Photo: HBC Nantes

Екипата на Ал Араби каде што тренер е македонскиот стратег Данило Брестовац добива големо европско засилување за натпреварите од Азискиот шампионат што ќе се играат во јуни во Кувајт. 
Нов привремен играч на Ал Араби е украинскиот бек Игор Турченко. 
Најдобриот украински играч во овој момент веќе договори трансфер во Нант за следната сезона, но пред тоа ќе игра и под команда на Данило Брестовац.