Пред Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) се две големи прашања за решавање. Две вајлд карти има ИХФ во свои раце, но за нив аплицирале или најавиле апликација повеќе од 10 држави.
Најзагреани, најгласни и со најголеми очекувања се во Унгарија, потоа Швајцарија и Австрија, но не се многу зад нив ниту другите држави, а меѓу нив според информациите од различни медиуми има држави и од Блискиот и Далечниот исток.
Засега нема фаворит за добивање на вајлд картите, ИХФ има свои критериуми, а тие не се комплетно поврзани со квалитетот и традицијта, туку има и други елементи, па затоа ниту Унгарија не е фаворит за добивање на вајлд карта, иако е најзвучното име меѓу екипите што не се пласираа на СП.
Екипите што ќе добијат вајлд карта ќе бидат сместени во четвртиот шешир и ќе бидат минско поле во ждрепката.
Македонија веќе имаше еден пех, на Светското првенство во Полска да добие за противник во групната фаза вајлд карта репрезентација. Тоа беше Холандија која беше во своите најдобри моменти.