Пролет е кадетски шампион на Македонија!

Екипата на РК Пролет 62 во кадетска конкуренција е новиот шампион на Македонија во оваа младинска категорија.
Ракометарите од населбата Пролет на Фајналфор турнирот што се одржа во Битола во финалето славеа победа над врсницте од РК Мулти Есенс (37-34) и го добија шампионскиот пехар.
Овој епилог не е изненадување, Пролет има одлична генерација на кадетски ракометари кои немаа пораз во првенството, а во финалето се сретнаа со уште една непоразена екипа и со пресврт во второто полувреме стигнаа до најпосакуваната победа.
Третото место го освои екипата на Еурофарм Пелистер 2 која во мечот за бронза беше подобра од екипата на ГРК Охрид. 
Со овој фајналфор се закружија младинските шампионати во Македонија. Најдобри пионери се пионерите на Алкалоид, најдобри кадети се кадетите на Пролет, а најдобри младинци се ракометарите на Мулти Есенс. Само во младинското првенство остануваат да се доиграат уште неколку натпревари.