ВЕСТИ: Татабања ослабена во Охрид, Загреб се засилува...

Foto: GRK Ohrid

Левиот бек на Татабања, Матеј Хавран заработи тешка повреда на првиот натпревар со ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и нема да биде долго време на теренот. Повредата на Матеј Хавран е ракометниот кошмар – скинати вкрстени лигаменти на колено.

Српскиот пивот Лука Роган ја одби понудата на Партизан и потпиша нов договор со екипата на Лајпциг која сезонава ќе испадне од Бундеслигата. Покрај роган, во екипата останува и Словенецот Дејан Бомбач.

Хрватот Марко Мамиќ и Чехот Томаш Пирох ќе си одат од екипата на Лајпциг. Хрватскиот репрезентативец ќе биде новото засилување на екипата на Загреб каде што ќе го замени ветеранот Јаков Гојун.

Данецот Мартин Албертсен е новиот селектор на женската репрезентација на Италија. Тој доаѓа на местото на шпанскиот тренер Алфредо Алварес кому договорот му истече.

Поранешниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват ќе биде новиот тренер на Загреб. Тој ќе ја преземе екипата од 1 јули.