Стартува Фајналфор во Европската лига

Photo: Wikimedia commons

Утре почнува разврската во ЕХФ Европската лига со полуфиналните натпревари од Фајналфор турнирот што ќе се игра во Хамбург.
Екипите на Монпеље и Кил, односно Флензбург и Мелзунген освен што ќе се играат за шампионскиот пехар, ќе играат и за директно место во Лигата на шампионите следната сезона, со оглед на тоа дека ниту еден тим од овие четири засега нема обезбедно место.

Уште еден од бисерите во Европските купови е што првиот дуел е меѓу екипите на Кил и Монпеље ќе се игра во 12:30 часот! Термин во кој овие два тима сигурно немаат играно со години. Дуелот меѓу Флензбург и Мелзунген ќе се игра во 15:30 часот.