Хановер го потврди трансферот на Усчинс

Photo: TSV Hannover-Burgdorf/ Die Recken

Бундеслигашот Хановер Бургдорф, тим што го гледавме минатиот сeптември на дуел со македонскиот Алкалоид во квалификациите за Европската лига, објави дека следната сезона е последна во клубот за нивниот најдобар и најпознат играч – Рејнар Усчинс.

Германскиот репрезентативец кој има литванско потекло долго време е цел на неколку позвучни и побогати клубови. Каде ќе продолжи засега не се знае, но веројатниот победник во оваа трка ќе биде Пари Сен Жермен.