Младост 1977 ги потврди заминувањата и новите играчи

Младост Богданци наголемо се спрема за враќањето во Суперлигата. Денеска поставија нова објава на социјалните мрежи за нивните летни активности. 
Официјализирано е заминувањето на Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас и Богдан Николиќ. 
Потврдени се новите засилувања, продолжените договори и објавено е дека се работи и на реконструкција на салата. 

РК Младост 1977 ги информира нашите фанови дека нашиот тим освен што интензивно работи во делот на формирање на конкурентна екипа за Супер лигата сезона 2026/27 паралелно со Општина Богданци и спонзорите работи и кон реконструкција на спортската сала Млаз.
РК Младост 1977 по постигнувањето на големиот успех влез во Супер лигата кој е успех за цел југоисток понудена беше понатамошна соработка на сите играчи кои го засилија нашиот клуб.
Нашиот клуб официјално во иднина нема да смета на Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас, Богдан Николиќ.
РК Младост 1977 упатува голема благодарност до играчите и им посакува успеси понатаму каде и да ја продолжат кариерата.
Засилувања за новата 2026/27 сезона се: Голман Живојин Илиќ, Благој Панов, Лев бек Тодор Узунчев, десен бек Ахмед Мајдоуб, лево крило Славе Јанков.
Нашиот тим интензивно работи и понатаму во делот на засилувања и создавање конкурентен тим за елитата.
Во следниот период ќе бидат промовирани и нови засилувања како и обнова на договорите со домашните играчи, и спонзорите за сезона 2026/27.