Пелистер во Охрид во првото коло!

Денеска со ждрепка беа извлечени натпреварувачките броеви за следната сезона во македонската Суперлига. Ланскиот формат останува, што значи дека 12 екипи ќе играат меѓусебе по два натпревари, а потоа подобрите шест ќе продолжат во Плејоф, а послабите шест во Плејаут. Сите резултати од првиот дел ќе се пренесат соодветно во Плејоф односно Плејаут.

Две нови имиња има во Суперлигата за претстојната сезона. Во најсилната конкуренција се враќаат екипите на Мулти Есенс која беше првак на Првата лига и Младост 1977 Богданци кој беше победник во бараж натпреварот.
Екипите на Струга и Радовиш испаднаа во понизок ранг и следната сезона ќе играат во Првата лига.

Ждрепката денеска одреди првенството да почне со големо дерби. Новиот ривалитет, дерби меч меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе биде централниот настан во првото коло. Следното дерби, ќе биде дури во петтото коло кога Охрид ќе му гостува на Вардар 1961 во Скопје. Охрид ќе го пречека Алкалоид на дерби во шестото коло и потоа во жесток финиш, во 9, 10 и 11 коло играат Вардар – Пелистер, Вардар – Алкалоид и Алкалоид – Пелистер.

СУПЕРЛИГА
1. КОЛО
Охрид – Е. Пелистер
Алкалоид – Мулти Есенс
Пролет 62 – Тиквеш
Бутел Скопје - Младост
Прилеп – Куманово
Вардар 1961 – Е. Пелистер 2

2. КОЛО:
Е. Пелистер – Мулти Есенс
Е. Пелистер 2 – Алкалоид
Куманово – Вардар 1961
Младост – Прилеп
Тиквеш – Бутел Скопје
Охрид – Пролет 62