Грчевски заминува, дамите со нов селектор

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе има нов селектор за следниот циклус на настапи. Сѐ уште официјално непотврдено, но РФМ нема да ја продолжи соработката со Кристијан Грчевски кој досега беше на кормилото на женскиот тим.
Иако женскиот тим обезбеди пласман на следното Европско првенство, прикажаното во текот на квалификациите, особено поразот од Белгија станаа повик за поголеми и посуштински промени во националниот состав, а тие евидентно ќе почнат со промена на селекторот.

Неофицијално, фаворит број еден за нов селектор на Македонија е поранешната репрезентативка Јулијана Дамчевска, која во последните години води успешна тренерска кариера.

Од нејзините играчки денови издвојуваме дека е поранешна ракометарка на Кометал Ѓ. П. Како тренер работеше во младинските категории на ЖРК Металург, потоа го водеше и сениорскиот на ЖРК Металург Автокоманда, а во изминатите години беше именувана и за селектор на кадетската и на младинската женска ракометна репрезентација.