Се разделија Холандија и Штафан Олсон

Светската ракометна легенда Штафан Олсон веќе не е селектор на машката репрезентацијата на Холандија. Двете страни изразија задоволство и позитивни импресии од досегашната соработка, ама по „отворена и конструктивна дискусија“ дојдоа до заклучок дека ова е вистинскиот момент секој да тргне по својата страна.
До потребата од отворена и конструктивна дискусија дојде откако репрезентацијата на Холандија како тим од првиот шешир беше елиминирана во бараж дуелот за пласман на СП 2027 од аутсајдерот Грција, а во продолжение на настаните не доби ниту вајлд карта.
Штафан Олсон на селекторската позиција во Холандија дојде во септември 2022, добро ја вкомпонира екипата во која има ѕвезди од типот на Лук Стеинс и Кај Смитс и имаше добри резултати сѐ до фаталниот бараж.