Портнер продолжува во Пик Сегед

Photo: Felix Walker

Долго се чекаше и шпекулираше за следниот чекор на познатиот голман Никола Портнер, довчера член на германскиот Магдебург. Швајцарецот со српски корени имаше проблеми со допинг обвинувања. Успеа да го обели образот, но изречените суспензии оставија трага и на крајот на сезоната тој замина од Бундеслигата.
Неговата следна дестинација е унгарскиот клуб ПИК Сегед. Трансферот е официјализиран и тој денеска беше претставен во новиот клуб.