ПСЖ донесе крило од Веспрем

Photo: Sven Mandel / CC-BY-SA-4.0

Екипата на Пари Сен Жермен го ангажираше исландското крило Бјарки Мар Елисон на местото на Матју Гребиј кој ќе мора да мине долг период надвор од теренот поради повреда на ахиловата тетива.
Бјарки Мар Елисон летово комплетираше четиригодишен договор со екипата на Веспрем. Таму дојде во 2022 година за да го замени македонскиот ракометар Дејан Манасков.
По истекот на четиригодишниот договор немаше продолжение во Веспрем. Унгарскиот клуб не ангажираше замена. Таму останува францускиот ас Иго Деска, а ќе му помагаат младите сили Мате Ганц-Пето (18) и Роберт Молнар (22).